Истражувањето на македонскиот новинар Саша Узунов во Австралија, откри сензационални делови од биографијата на американскиот политичар Дејвид Голдберг, кој уште во 1911 година тврдел дека го зборува македонскиот јазик. Овој факт сериозно ги доведува во прашање ставовите на Софија и Атина дека македонскиот јазик е „вештачка творба” создадена по Втората светска војна од страна на Јосип Броз Тито.
Според објавените документи, Голдберг – еврејски мигрант од Полска во САД – го наведува македонскиот јазик како еден од јазиците што ги зборува, заедно со хрватскиот, при неговата кандидатура за градоначалник на Харисбург, Пенсилванија, како републикански кандидат. Овој факт претставува еден од многуте докази кои го оспоруваат бугарскиот и грчкиот наратив дека македонскиот јазик е „измислен“ во 1944 година.
Откритието предизвика големо внимание, но засега нема реакција од страна на бугарските и грчките институции. Случајот на Голдберг, како и бројни други докази, ја потврдуваат постоењето на македонскиот јазик и идентитет многу пред Втората светска војна, што се коси со официјалните ставови на Софија и Атина.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден