во ,

Ана од Кочани: „Помош викав! Немав воздух! Полицијата ме одби!“

Ана Карова го преживеа страшниот пожар во Кочани. За жал, ја загуби другарката Сара. Изгуби и многу други пријатели.

На Фејсбук сподели за ужасната ноќ. Разочарана е од една полицајка. Од неа побарала помош.

Но, не се сите полицајци такви. Има храбри луѓе со големо срце. Тие ризикуваат за да спасат други. Ова се однесува само на еден случај.

Објавата на Ана:

„Каде живееме, луѓе?

Каде се тие што треба да се ГРИЖАТ за нас? Се заколнаа дека ќе помагаат. Дека ќе спасуваат. Дека ќе се жртвуваат! Каде беа кога се боревме за живот? Нé гледаа немо…

Викам:

– Помош! Спасете ме! Ве молам! Немам воздух!

А полицаец ме фаќа за рака и вели:

– Не може!

Се трга и гледа. Во моите очи имаше само ОЧАЈ! ОЧАЈ!

СРАМОТА! Сите сме деца! Сите се боревме за живот! Бог нѐ чуваше.

Каде ќе ви оди душата?! КАДЕ?! ЖИВИ ГОРЕВМЕ! Не знаевме зошто. Зошто ние да страдаме за ВАШИ гревови?

Не заслуживме вака… Мислевме дека ќе се грижите за нас!

Ги исклучувам малкуте полицајци кои помогнаа“.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Таа ноќ слушаше најстрашни крици“: Пријателите на починатиот работник на Брза помош во Кочани открија страшни детали

Кочани тагува по Стефи, жртвата од дискотеката: Сите ја бараа, а потоа стигна најлошата вест