„Уште една млада жртва“ – 18-годишниот Вукашин ја загуби битката за живот, станувајќи шеснаесеттата жртва на трагедијата што се случи во Нови Сад.
Младиот Вукашин, кој имаше само 18 години и потекнуваше од Змајево, Војводина, почина. Тој беше тешко повреден во трагичниот настан кој се случи во Нови Сад на први ноември.
За жал, неговото младо срце престана да чука утрово на Воено-медицинската академија (ВМА). Оваа информација неофицијално ја пренесе Њузмакс Балканс.
По укажаната прва помош во клиничкиот центар во Војводина, Вукашин беше префрлен на ВМА. Неговата состојба остана критична и покрај сите напори на лекарите.
Со голема жалост се констатира дека тој е веќе шеснаесеттата жртва на уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Храбрата борба на Вукашин за живот траеше долги четири месеци и дваесет дена, објавија медиумите во Србија.