во

Весна Петрушевска ја покажа лузната од мастектомијата: „Секоја битка е добиена војна“

Весна Петрушевска, позната по својата непоколебливост и искреност, повторно инспирира со својата борба против ракот. Во розовиот октомври, месецот на подигнување на свеста за ракот на дојка, таа јавно ја сподели својата приказна и објави фотографија од лузната по мастектомијата.

Со својот карактеристично отворен и силен став, Весна вели:
„Октомври е месец на борба против ракот на дојка. Се изнагледав на оваа реченица. Борба… и тоа токму во октомври. Како да одбележуваме востание.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EZRA (@healthcare_ezra)

Таа ја опишува својата борба како долга и исцрпувачка, но секоја победена битка ја смета за освојување на цела војна. Весна исто така ги повикува жените да се грижат за своето здравје, нагласувајќи колку е важно редовно да се посетува мамографија и гинеколог. Таа ја истакнува важноста на подигнување на свеста и вели:
„Знаете ли колку жени не се грижат за себе, бидејќи животот ни се претвори во преживување? Додека не се соочите брутално со вистината, нема да почнете вистински да се сакате себеси.“

Со овие силни зборови, Петрушевска ја испраќа пораката дека еден е животот и не треба да се занемарува. Нејзината борба е инспирација за сите, додека таа останува посветена на својата кариера, семејството и помагањето на другите.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Карлеуша одби Rolex од над 100.000€ што ѝ го подари Бака Прасе: “Не е оригинал!

Дино ја изгуби бремената сопруга во поплавите, живее кај тетка му со ќерката: „Судбина, животот продолжува“