во

„Ги поместив своите граници“: Теа Георгиевска ја освои титулата Мис Македонија за Мис Универзум

Теа Георгиевска од Куманово е новоизбраната Мис на Македонија и ќе ја претставува земјата на светскиот избор за Мис Универзум, кој ќе се одржи на 16 ноември во Мексико. На одржаната манифестација во Националната опера и балет, 19 финалистки се натпреваруваа за престижната титула, а покрај Мис, беа избрани и прва, втора, трета и четврта придружничка.

Прва придружничка е Ева Величковска од Скопје, втора Тијана Петреска од Скопје, трета Верица Китанова од Струмица, а четврта Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка. Теа Георгиевска, која има 21 година и е членка на модното студио „Црнокрак“, изјави: „Се пријавив на овој избор за да ги поместам сопствените граници и да докажам дека можам многу. Сакам да учам, да се усовршувам и да растам како личност.“

Оваа година Македонија за првпат по 15 години имаше организиран избор за Мис, а шоуто беше вистински спектакл со црвен тепих и коктел пред Операта. Лиценцата за организација ја купи Шакир Села, сопственик на модната агенција „Даман“ од Истанбул, кој веќе 30 години живее и работи во Турција. Специјални гости беа Татјана Стојановска, која ја освои титулата Мис на Македонија во 1992, и познатата водителка Ирена Спировска, која беше дел од жирито.

За време на вечерта, финалистките дефилираа неколкупати, вклучувајќи и настап во народни носии, додека македонски играорци играа ора. Додека се броеја гласовите, Тамара Тодевска ја исполни евровизиската „Горда“, посветувајќи ја на девојките кои учествуваа на изборот.

Теа Георгиевска, која за награда ќе добие договор со модната агенција „Даман“ во вредност од 50.000 евра, гордо ќе ја претставува Македонија на 72. издание на Мис Универзум, каде што ќе се натпреваруваат кандидатки од 139 земји.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денеска го чествуваме Св. апостол и евангелист Јован Богослов

Северна Кореја ќе ги прекине патните и железничките врски со Јужна Кореја