Во последниот натпревар помеѓу Минесота Тимбервулвс и Денвер Нагетс, синоќа се случи неверојатен инцидент. Францускиот кошаркар Руди Гобер го удри Никола Јокиќ со лакт во главата, а сè укажува дека тоа било намерен потег. Во спорната ситуација, Гобер можел да го избегне контактот, но очигледно одлучил да го удри Јокиќ, кој потоа се струполи на подот и се превиткуваше од болка.
Оваа сцена предизвика шок и осуди, а многумина се надеваат дека НБА лигата ќе реагира со дисциплинска мерка против Гобер. Ова не е прв пат во лигата да се случат вакви инциденти, но потегот на Гобер беше навистина неочекуван и предизвика огромни реакции на социјалните мрежи.
Натпреварот заврши со тесен пораз на Денвер, 119:116. Во последната секунда, Јокиќ имаше шут за израмнување, но за жал не успеа да погоди. И покрај поразот, Јокиќ заврши со одлични 26 поени, 9 скока и 13 асистенции, уште еднаш покажувајќи зошто е еден од најдобрите играчи во лигата.
Видеото од инцидентот веќе кружи на интернет и предизвикува бурни реакции. Погледнете како изгледаше:
Rudy Gobert was assessed a flagrant 1 foul for this elbow on Nikola Jokic. pic.twitter.com/wHfDmWptB3
— ESPN (@espn) November 2, 2024
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден