во

„Горење“ ја затвора фабриката – што следува за вработените?

Словенечкиот производител на апарати за домаќинство „Горење“ објави дека до август 2025 година ќе ја затвори фабриката за производство на компоненти за фрижидери во Рогатец. Според компанијата, оваа фабрика веќе не е конкурентна на пазарот, поради што ќе се префрлат на надворешни добавувачи за набавка на потребните делови.

Фрижидерите и замрзнувачите, за кои фабриката во Рогатец произведува компоненти, веќе се произведуваат во друг погон на „Горење“ во Ваљево, Србија, јавува словенечката новинска агенција СТА.

Компанијата „Горење“ има вкупно 120 вработени во Рогатец, а сите ќе добијат можност да продолжат со работа во главниот производствен центар на компанијата во Велење. За оние што ќе се одлучат да се префрлат во Велење, „Горење“ нуди дополнителен бонус на плата и организиран превоз меѓу двете локации. Доколку некои вработени одлучат да не ја прифатат оваа понуда, ќе добијат отпремнина.

Процесот на намалување на производството во Рогатец ќе започне веќе до крајот на 2024 година, а комплетното затворање на фабриката е предвидено за август 2025 година.

„Горење“ од 2018 година е во сопственост на кинескиот гигант „Хисенсе“, кој во моментов има три производствени погони во Словенија – во Велење, Шоштањ и Рогатец, како и фабрики во Ваљево и Чешка.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пилот почина за време на лет, пред смртта сакал да направи една важна работа: Авион итно слета во Њујорк

Тензии во тетовската болница: Тепачка меѓу двајца хирурзи