во

Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донор – успешна трансплантација на хируршките клиники

На хируршките клиники во Скопје вчера беше изведена уште една трансплантација од починат донор, во која двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези и можност за нов живот без дијализа. Овој животоспасувачки чин беше возможен благодарение на семејството на донорот, кое во тежок момент на загуба ја покажа својата хуманост, дозволувајќи органите да бидат донирани.

„Изразувам најголема благодарност до семејството на донорот кое, и покрај тагата, одлучи да донира органи и така да спаси други животи. Пациентите се во добра постоперативна состојба и им посакувам брзо и успешно закрепнување“, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Иако овојпат немаше реципиенти за другите органи поради специфичната крвна група, трансплантацијата останува единствена надеж за многу пациенти кои чекаат нова шанса за живот. Случајот повторно го нагласува значењето на органодарувањето – чин кој не само што спасува животи, туку и овозможува квалитетен живот на оние кои со години се потпираат на дијализа или други терапии.

Семејствата на донорите кои се одлучуваат за органодарување даваат непроценлив придонес за здравствениот систем и за пациентите во потреба, овозможувајќи им да ја добијат таа драгоцена втора шанса.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Камера сними трагедија на Железничката станица во Нови Сад – настрешницата се урна за миг

Н’Голо Канте, „најскромниот фудбалер на светот,“ заработува 100 милиони евра, но сè уште не се промени