во ,

Дедо Мраз од реалноста: 80-годишен ветеран изработува играчки од дрво за сиромашни деца

Додека некои деца за Божиќ се радуваат на куп подароци под новогодишната елка, други немаат на што да се радуваат. За многу семејства, Божиќ не е празник кој носи среќа, зашто недостигот на финансии им ја скратува радоста.

Вистинска среќа е што постојат луѓе кои ја враќаат вербата во човештвото и несебично трошат средства од својот џеб за да им измамат насмевки на децата кои се засегнати од сиромаштија. Таква личност е 80-годишниот Џим Анис.

Воениот ветеран секоја година, 50 години по ред, пред Божиќ изработува 300 играчки од дрво кои им ги подарува на децата кои не добиваат ниту еден подарок под елката, затоа што нивните родители не можат да си го дозволат тоа.

Џим совршено добро ја разбира нивната ситуација. Како дете, и самиот тој се соочувал со нешто слично. Тој растел во семејство кое имало пет деца, па неговиот татко не можел да си дозволи подароци за сите.

„Татко ми работеше, но не заработуваше многу пари. Тешко е да имаш богат Божиќ со пет деца“ – изјави добродушниот старец.

Иако ова хумано и добро дело го чини Џим 1.000 долари годишно, тој вели дека обожава кога децата се чувствуваат среќно. „Обожавам кога луѓето ме прашуваат колку ме плаќаат за да ги правам овие играчки. Им велам дека мојата плата е кога ќе ја видам насмевката на детските лица. Се надевам дека ќе го правам ова сè додека не ми се искриват прстите на нозете“ – вели Џим.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Блажо камионџијата на еден паркинг, собира преубавa и презгодна женска…

Празнична реклама за девојче кое „купува време“ ќе ве потсети на важноста на семејните моменти