во ,

Дедо попе, немаме многу време да се занимаваме со твојот велосипед, но сепак ќе го решиме случајот…

Отишoл попoт вo полиција, затоа што му го украле велосипедот. Началникот му рекол:

– Дедо попе, немаме многу време да се занимаваме со твојот велосипед, но сепак ќе го решиме случајот. Вака ќе направиш: На неделната служба започни да ги читаш 10-те Божи заповеди. Кога ќе стигнеш до „Не кради!“, гледај внимателно во луѓето и крадецот сигурно ќе се издаде.

Во понеделник началникот му се јавува на попот:

– Дедо попе, направи ли како што ти реков? Го најде ли велосипедот? Кој е виновникот, да го приведеме да го казниме?

– Благодарам за советот, си го вратив велосипедот, но нештата не течеа баш така. Започнав да ги читам 10-те Божји заповеди, стигнав до „Не кради!“, но никој не се издаде. Потоа продолжив и кога стигнав до „Не посакувај ја жената на својот ближен!“ ми текна каде сум го оставил.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 Фотографии докажуваат дека честопати онлајн шопингот нема среќен крај

24 Чудни и смешни преводи на насловите на популарните филмови во различни држави