во

Дејвид Бекам ги разнежни обожавателите со нова објава од својот имот

Откако ги закачи копачките на клин, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам пронајде нова пасија – земјоделството! Во својата последна објава на Instagram, тој сподели моменти од идиличниот живот на фармата, каде што одгледува кокошки и ужива во природата.

На фотографиите, Бекам е виден како позира покрај своите кокошки, но и на едно селфи без кошула, откривајќи ги своите добро познати стомачни мускули, кои не останаа незабележани. Фотографијата брзо собра речиси 900 илјади лајкови и безброј коментари од неговите верни фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

„Ова е вистински живот“, „Кој би рекол дека фармерскиот живот ќе ти одговара толку добро?“, „Поздрав до тебе и твоите кокошки!“ – се само некои од коментарите.

Инаку, Дејвид и неговата сопруга Викторија уживаат во одгледување на кокошки и пчели на нивниот импресивен имот во Котсволдс, кој вреди околу 6 милиони фунти. Покрај свежите јајца, семејството ужива и во домашен мед, кој го произведуваат за свои потреби.

Дејвид Бекам не само што одржува врвна форма, туку и ги воодушевува своите обожаватели со едноставниот и природен начин на живот.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пејачката Марија се разведува по третпат: Мажите ги менува како долна облека (ФОТО)

Тејлор Свифт донира 5 милиони долари за помош по ураганите во Флорида