во ,

Дипломатски гаф или намерен потег? Трамп се изнервира уште при пречекот на Зеленски

Што се случи во Белата куќа меѓу Трамп и Зеленски што го разбранува светот? Зошто средбата на двајцата претседатели предизвика толкаво внимание и контроверзии?

Американскиот претседател Доналд Трамп бил навреден од украинскиот претседател Володимир Зеленски бидејќи не носел костум за време на нивната средба во Овалната соба. Според извори за „Аксиос“, Трамп сметал дека тоа е непочитување, иако Зеленски бил советуван да облече нешто поформално.

Реклама

Тимот на Трамп, пред средбата, го советувал Зеленски да се воздржи од вообичаената облека, која наводно ја носи во знак на солидарност со украинските војници, и да избере поформална варијанта.

Сепак, „Аксиос“ пренесува дека Трамп бил видно изнервиран од појавувањето на Зеленски во секојдневна облека.

При влегувањето во Белата куќа, Трамп иронично се осврнал на облеката на Зеленски, покажувајќи кон неа пред сите присутни високи функционери и посетители, велејќи: „О, гледам, си се скоцкал!“.

Сподели:
Кул Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Гостивар: 200.000 евра загубени во измама за фотоволтаици

“ТРЕБАШЕ ДА УЖИВА, А ОВА СЕ СЛУЧИ” Брена и Боба скршени од смртта на Саша Поповиќ: “ОВА Е ГОЛЕМА ЗАГУБА”