во

„Дипломиран историчар работи како електричар“: Приказната на натпреварувачот од квиз предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

Во една од последните епизоди на популарниот квиз „Најслаба карика“, воден од актерот Никола Коjo, се појави натпреварувачот Никола, чија приказна длабоко ги допре гледачите и поттикна лавина од коментари на социјалните мрежи. Никола, иако дипломиран историчар, денес работи како електричар, факт кој многумина го сметаат за симбол на суровата реалност за многу образовани луѓе на Балканот.

Во текот на разговорот со водителот, Никола раскажа дека седум години живеел на Малта, каде што почнал со мешање бетон, за подоцна да се оспособи како електричар. Откако се вратил во Србија, ја продолжил својата работа како електричар, иако има факултетска диплома по историја.

Кога водителот изненадено праша: „А вие сте дипломиран историчар и работите како електричар?“, Никола потврди, на што Коjo иронично прокоментира: „Баш пофално…“, а натпреварувачот одговори: „Да… за нашето образование.“

Оваа сцена брзо стана вирална, со многу коментари кои ја изразуваа фрустрацијата поради недостатокот на работни места за образованите кадри во општествените науки. Гледачите изразија разочарување од системот, со коментари како: „Краток опис на судбината на Балканот“, „Тажно“ и „Да ли да се смееш или да плачеш“.

Приказната на Никола е само една од многуте слични во регионот, каде што многу високообразовани лица се принудени да работат во други професии поради недостиг на можности во нивната област.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јелена Карлеуша открива кого би избрала за свој трет сопруг: „Криминалец или политичар?“

Тино и Атанас со трето стендап шоу во Скопје на 8 ноември