во , ,

Добро чувана тајна: Италијанскиот брег на боговите крие чудесна градба

Прекрасната градба која се издига над морето како камен престол има прекрасно минато, но без оглед на нереалната убавина, таа сè уште не е посетувана од бројни туристи.

Италија е за многумина омилена дестинација, не само за летување туку и за патувања во текот на целата година. Традицијата и културата таму се видливи речиси на секој чекор, а ние пронајдовме нешто кое Италијанците веќе долго време успешно го кријат од светот, но самите често патуваат таму.

На светот постојат многу тврдини, дворци, ѕидини и други градби кои совршено се вклопиле во природата, а една од нив е и скриениот манастир „Santa Maria dell’Isola“ која се наоѓа во Тропеја на западниот брег на јужна Италија.

Историјата говори дека на ова место постоела сакрална градба уште во 4-от век, но поради честите земјотреси, денешниот изглед го должи на бројните обнови по многубројните оштетувања предизвикани од силата на природата.

Самиот камен на кој е изграден манастирот се наоѓа на брегот на Тиренското море кое Италијанците уште го нарекуваат и „брегот на боговите“. Импресивниот пејзаж се менувал со текот на годините, а порано се стигнувало до ова место само со брод бидејќи насипот е изграден во поново време.

Манастирот го посетуваат и многу аџии за да го видат портретот на Дева Марија кој датира од 12 век. Со него е поврзана приказна од 1638 година, кога Дева Марија му се појавила на бискупот во Калабрија и го предупредила на земјотрес. Бискупот ја пренел пораката на жителите со цел да се избегне катастрофата што навистина се случила на 27 март истата година.

До самиот манастир водат скали кои се врежани во камен уште од 1810 година, а кога ќе стигнете на врвот, ќе имате прилика да уживате во волшебниот поглед од каде што се гледа плажата и крајбрежниот град.

Посетата на самиот манастир е бесплатен, а доколку сакате да уживате во градините, ќе треба да платите само 2 евра.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

21 Фото докази дека чистењето на старите работи прави чуда

Ал Хамра – село во кое само храбрите излегуваат по заоѓањето на сонцето