Секој што некогаш се разбудил среде ноќ, а потоа безуспешно се обидувал повторно да заспие, знае колку ова може да биде исцрпувачка состојба. Многумина не успеваат да се вратат во сон и остануваат будни до утрото. Според податоците од Центарот за контрола и превенција на болести во САД, повеќе од 17% возрасни лица имаат проблеми со спиењето речиси секој ден.
Д-р Бајкан Ло, експерт за спиење од Сан Франциско и извршна директорка на компанијата LumosTech, која произведува паметна маска за спиење, открива што стои зад ноќното будење и како да го избегнете.
Зошто се јавува прекинат сон?
Најчести причини за нарушување на сонот се стрес, анксиозност, физичка непријатност или болка, како и промени во околината, како што се бучава или движење. Прекумерно топла или ладна температура, како и нарушувања како синдромот на немирни нозе или хрчење, исто така можат да предизвикаат будење во текот на ноќта.
Што да направите ако се разбудите?
Ако се разбудите во текот на ноќта, најдобро е да останете во кревет и да се обидете да се релаксирате, вели д-р Ло. Таа препорачува техники како прогресивна релаксација, вежби за дишење или слушање “бела бучава” за да ви помогнат повторно да заспиете.
“Ако после 10 до 15 минути не можете да заспиете, време е да станете од кревет”, советува д-р Ло. “Одете во тивок и удобен дел од домот, на пример на каучот, и занимавајте се со некоја лесна активност со минимална ментална стимулација, како што е читање книга. Потоа вратете се во кревет.”
Грешки кои треба да ги избегнете
Многумина прават грешка кога веднаш посегаат по телефонот или гледаат колку е часот кога ќе се разбудат, вели д-р Ло. “Гледањето во времето само го зголемува стресот и го отежнува повторното заспивање. А ако проверувате на телефонот, содржината што ја гледате може да биде премногу стимулирачка, што дополнително ќе ви го попречи сонот.”
Важноста на вашиот внатрешен часовник
Будењето среде ноќ може да биде резултат на неусогласеност на внатрешниот биолошки часовник со вашиот распоред на спиење. Спиењето е под влијание на два главни фактори – притисокот за спиење и циркадиските сигнали кои го одржуваат сонот. Доколку овие два процеси не се усогласени, може да дојде до ноќни будења.
Ако често се будите без причина, може да се обидете да го регулирате вашиот внатрешен часовник. Некои начини за тоа вклучуваат будење во исто време секој ден, промена на времето на оброци, земање мелатонин, вежбање во различни периоди и умерена консумација на кофеин во утринските часови.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден