во ,

Еден ден во мојот двор дојде старо, уморно куче….

Еден ден во мојот двор дојде старо, уморно куче. Кучето беше добро хрането и знаев дека не е без покрив над главата.

Кучето спокојно стигна до мене, го погалив по глава, потоа тоа дојде по мене во куќата, си најде удобна позиција во аголот и веднаш заспа.

Следниот ден тоа пак се врати, ме поздрави во дворот, повторно отиде во куќата и заспа на истото место, спиеше околу 3 часа.

Ова продолжи неколку дена. На крајот јас бев љубопитен и ставив писменце на неговиот ремен со порака:

– Сакам да знам кој е сопственикот на ова прекрасно куче и дали тој знае дека кучето секој ден доаѓа кај мене, спие по 3 часа и си оди.

Следниот ден кучето дојде повторно, на неговиот ремен имаше писменце со одговор:

– Тој живее во куќа каде растат шест деца, од кои две сеуште немаат ниту три години. Така што тој барал место за да отспие. Може ли утре и јас да дојдам кај тебе?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Семоќниот темјан: Природен лек со неисцрпен потенцијал

Докторе имам мака, го изгубив вкусот…