во

Експертите препорачуваат вежбање во природа за намалување на стресот

Вежбањето во природа, според експертите, го намалува нивото на стрес многу повеќе отколку активностите во затворен простор. Психолозите посочуваат дека изложеноста на природата и зеленилото има смирувачко дејство врз психата, а зелениот пејзаж го зголемува чувството на релаксација.

Според истражување спроведено од Универзитетот „Рхоемптон“ и германски истражувачи, резултатите покажале дека вежбањето на отворено има значително позитивно влијание врз расположението и нивото на стрес. Во студијата предводена од д-р Сандра Клаперски, 140 учесници известувале за своите емоционални состојби пред и по вежбањето, без разлика дали станувало збор за активности во затворен простор (како аеробик и одбојка) или вежби на отворено (како трчање и возење велосипед).

Резултатите покажале дека:

  • Возењето велосипед надвор го намалило стресот за 18%,
  • Трчањето довело до намалување на стресот за 14%,
  • Часот по аеробик помогнал во намалување на стресот за 11%.

Истражувањето исто така потврдило дека вежбањето во природна средина и контактот со зеленило го подобруваат целокупното ментално здравје. Поради тоа, експертите препорачуваат активности на отворено за поголемо чувство на мир и подобро расположение.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Македонија со победа против Летонија го осигура првото место во групата

Чудо на Света Гора: Немото момче од Македонија проговори пред иконата на Богородица