Во шокантен пресврт на еден од најголемите допинг скандали во тенисот, Светската антидопинг агенција (WADA) поднесе жалба против пресудата во случајот на италијанскиот тенисер и првопласиран на ATP листата, Јаник Синер. Иако многумина очекуваа дека овој случај е затворен, одлуката на WADA би можела целосно да ја уништи кариерата на Синер, кој сега се соочува со потенцијална долготрајна суспензија. Сепак, постигнатите резултати на најголемите турнири засега нема да бидат одземени.
Случајот потекнува од пролетта 2024 година, кога Синер бил позитивен на два допинг теста. Наодите покажале присуство на забранетата супстанца клостебол, која WADA категорично ја забранува. И покрај ова, Синер само неколку дена бил под суспензија, по што продолжил да се натпреварува и бележи импресивни резултати, што ја прави оваа година најуспешна во неговата кариера.
Спекулациите дека неговите достигнувања би можеле да бидат поништени сега добиваат нова тежина по жалбата на WADA до Судот за спортска арбитража (CAS). WADA изрази незадоволство од претходната одлука на Независниот суд при Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA), која го ослободи Синер од обвиненија за немарност или вина.
Следните неколку месеци ќе бидат клучни за иднината на Јаник Синер, чие учество на идни турнири е неизвесно додека трае процесот пред CAS.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден