Хималајскиот ланец е дом на највисоките планини на планетата, а има малку такви кои што се поимпозантни од вториот највисок врв во Индија – Нанда Деви.
Сместен во крилото на овој моќен планински венец, пружејќи им на гостите импресивен и величествен поглед на Нанда Деви во далечината, овој мал хотел во Утараканд во Индија се наоѓа на 1.600 метри надморска висина.
Кумаон ја зазема највисоката точка на мирното село Кадер Деви во близина на градот Алмора, а краткото патување до хотелот е импресивно колку и самиот хотел.
Дизајниран од страна на „Zowa Architects“, хотелот има неверојатен дизајн и материјали од локалните извори, иако истовремено нуди современ комфор и восхитувачко бегство.
Се простира на три различни нивоа, а во ова единствено одморалиште се наоѓа и прекрасен салон, библиотека, спа центар и други услужни простори, заедно со 10 гостински соби.
Но, вистинскиот врв тука несомнено е трпезаријата која што ви го нуди еден од најубавите погледи на планетата – кон планинскиот венец.
Како што настапува ноќта, така ќе уживате во погледот на ведрото небо со милионите ѕвезди и Млечниот пат кој што човек едноставно не може да го забележи во градскиот пејзаж.
Инаку, во текот на изградбата на хотелот бамбусот и тоа како се користел, заедно со цигли од пепел и бетон кои што на модерниот хотел му даваат навистина прекрасен изглед.
Локалните камења, боровата шума и гранитот ги ставиле последните потези во ова хималајско прибежиште кое што ве води во мистичните и волшебни пејзажи.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден