во ,

Знаеш ли ти кој е Александар Македонски? Хасо го прашува Мујо…

Знаеш ли ти кој е Александар Македонски? – Хасо го прашува Мујо.

– Не знам!

– Епа, гледаш Мујо, тој некогаш бил голем војсководец кој владеел со половина од светот!

– А од кога си ти одеднаш така паметен?

– Епа, гледаш Мујо, тоа го научив во вечерната школа. Секоја среда одам на вечерна школа од седум до десет навечер.

– А ти знаеш ли кој е Наполеон?

– Не знам!

– Епа, гледаш Мујо, тоа е голем војсководец на кој му припаѓала половина Европа, а пораз доживеал кај Ватерло. И тоа го научив во вечерната школа.

– А ти знаеш ли, Хасо, кој е Суљо?

– Никогаш не сум слушнал, Мујо!

– Епа, гледаш Хасо, тоа е типот кој е со жена ти Фата секоја среда од седум до десет кога ти си на вечерна школа.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се вози полицаец во такси и таксистот му вели: Шефе, да ти пуштам еркондишн…

Се фалеле Игорче, Стојанче и Кирче кој има побрз татко…