Американскиот милијардер и претприемач Илон Маск изјави дека иднината носи свет во кој ќе има повеќе роботи отколку луѓе. Оваа прогноза ја сподели преку видеоврска на инвестициската конференција во Ријад, каде ја истакна својата визија за брзиот напредок на вештачката интелигенција и предупреди за можните ризици.
Маск, кој често го истакнува потенцијалот, но и опасностите од вештачката интелигенција, процени дека постои 10-20% шанса „работите да тргнат наопаку“. Според него, системите на вештачката интелигенција се подобруваат со неверојатна брзина – десеткратно на годишно ниво – и за една до две години можат да достигнат способност за извршување на сите задачи што ги можат луѓето.
Starship кон Марс – мисија на SpaceX
Покрај вештачката интелигенција, Маск ја сподели и амбициозната цел на SpaceX за лансирање на леталото Starship кон Марс во наредните две години, додека мисијата со човечки екипаж се очекува во рок од четири години.
Критики кон регулативите во САД
Маск не пропушти да ја критикува и актуелната американска администрација, истакнувајќи дека „прекумерната регулатива и растечката бирократија“ го отежнуваат деловното опкружување, што може да го забави технолошкиот напредок.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден