Да, еден човек може да направи многу за нашата планета.
Индиец повеќе од 40 години посветено садел дрвја и успеал да создаде цела шума на пустиот остров каде што живее. Денес тој е инспирација за многу луѓе ширум светот, а неговата приказна се изучува како лекција по екологија во училиштата во САД.
Џадав Пајенг во 1979 година забележал дека змиите умираат на островот Маџули, лоциран на реката Брамапутра. Причина за тоа била жештината и недостигот на сенка. Не му требало долго време за да сфати дека без сенка и луѓето ги очекувала истата судбина.
Иако бил само тинејџер и имал 16 години, тој одлучил да ги земе нештата во свои раце и започнал да сади дрвја. Неговата мисија продолжува до ден-денес и покрај тоа што 58-годишниот маж има создадено цела шума, која сега опфаќа површина од 550 хектари и е дом на бенгалски тигри, индиски носорози, елени и зајаци. Стадо од 100 слона секоja година ја посетува шумата и останува во неа по околу 6 месеци.
Во 2015 година, Џадав ја прими наградата Падма Шри, која е една од најважните награди во Индија.
„Луѓето сакаат да ја знаат мојата приказна. Им велам дека јас само садам дрвја и би сакал сите вие да го правите истото. Дрвјата се извор на живот. Тие не ни даваат само сенка и кислород. Тие ги хранат птиците и животните и создаваат баланс во нашиот екосистем. Ако нема живот, за што би ни било користењето на целиот напредок кој го имаме?“
„Би било нешто прекрасно едно дете да се научи на училиште да сади стебленце или семе и како што ќе расте, тој или таа да се учи како да се грижи и да има одговорност за него“– вели тој.
Видео
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден