во

Ирански амбасадор со закани: Ако Израел нападне повторно, одговорот ќе биде уште пожесток

Израел никогаш нема да победи во копнена операција во Либан, изјави иранскиот амбасадор во Русија, Казем Џалали, за руската телевизија „Русија 24“.

„Кога станува збор за копнена операција, Израел никогаш нема да ги оствари своите цели. Всушност, Израел ја повторува својата претходна грешка. Досега, израелските сили изведуваа воздушни операции, било во Газа, било во Либан“, истакна Џалали.

Тој дополнително нагласи дека Иран нема намера да испраќа своја војска во други земји, додавајќи дека Либан и движењето „Хезболах“ се доволно способни сами да се заштитат. Либан, според него, има огромно искуство од претходните војни и е подготвен за било каква закана.

Џалали исто така предупреди дека доколку Израел изврши уште еден неразумен напад, Иран ќе одговори уште пожестоко.

„Ако израелскиот режим се реши за уште еден безумен потег, нашиот следен одговор ќе биде многу потежок“, рече тој.

Иранскиот амбасадор дополнително го коментираше и неодамнешниот напад на иранските сили врз израелска територија, кој го нарече успешен.

„Го фалеа својот одбранбен систем „Железна купола“. Го видовме вистинското лице на таа „Железна купола“ – таа е полна дупки, како мрежа, како сито“, забележа Џалали.

И покрај сè, тој повтори дека Иран не сака војна и не тежнее кон неа.

Да потсетиме, Иран во вторникот изврши ракетен напад врз цели во Израел.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лука Модриќ го воодушеви интернетот: Ќерката го нашминка за роденденска фотосесија

Катастрофални поплави во Јабланица: Цели семејства исчезнати, бројот на жртвите расте