Игор Иџе Стефановски, најуспешниот македонски автомобилист и миленик на македонската спортска публика, ја претстави својата нова, спектакуларна кацига за претстојната тркачка сезона во 2025 година.
Дизајнот на кацигата е впечатлив спој на националните бои и симболи на Македонија со суптилна, но моќна посвета кон легендарниот возач на Формула 1, Аиртон Сена.
Тој веднаш привлече огромен број позитивни реакции кај фановите.
„Нов шлем за нови победи“,
„Многу среќа со новата кацига братко, да редиш многу успеси во иднина“,
„За многу години, браво и поздрав“
„Со здравје да си го носиш и само победи“
се само дел од коментарите со кои публиката му посака успех и многу освоени подиуми на Стефановски во следните трки.
Со овој потег, Иџе уште еднаш ја покажува својата почит кон великаните на авто-мото спортот, додека истовремено гордо ја истакнува македонската спортска гордост и пасијата која го движи кон нови успеси и титули на светската сцена.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден