За постигнување на посакуваната форма и големина на задникот, клучни се правилната исхрана и вежбање. Тонирањето на задникот вклучува зголемување на глутеалните мускули и додавање на слој масти за поубаво обликување. Еве неколку совети за тоа кои намирници и вежби можат да ви помогнат во овој процес.
Препорачана исхрана за затегната задница
За да се зајакнат глутеус мускулите, важно е да внесувате доволно протеини, здрави масти и сложени јаглехидрати. Некои од најдобрите намирници се:
- Протеински шејкови: Потребни се 1,6-1,8 грама протеини по килограм телесна тежина. Шејковите се одлични кога не можете да внесете доволно протеини преку оброк.
- Chia семе и ленено семе: Богати се со здрави масти и омега масни киселини. Може да ги додадете во смути, сокови или салати.
- Риба (лосос, скуша): Одличен извор на протеини и омега-3 масни киселини.
- Спанаќ и зелено лиснато зеленчук: Одлични за ситост, богати со витамини, антиоксиданси и железо.
- Авокадо и грчки јогурт: Здрави масти и протеини кои помагаат за зајакнување на мускулите.
- Месо и јагнешко месо: Немасното месо како пилешките гради, ќуретина и говедско, е богат извор на протеини, идеален за зголемување на мускулната маса.
- Махунки и леќа: Богати со растителни протеини и диетални влакна, корисни за зголемување на енергијата и мускулната маса.
- Квиноа и овес: Сложени јаглехидрати кои ја поттикнуваат издржливоста и помагаат во обликувањето на мускулите.
Најдобри вежби за подигнување и тонирање на задницата
За оформување на задникот, вклучете ги следниве вежби:
- Чучњеви: Одлични за тонирање на целата нога и задник
- Хип трaст: Посебно насочена вежба за глутеус мускулите.
- „Donkey kicks“ и „glute bridges“: Одлични за зајакнување и подигнување на задникот.
- Кардио активности како трчање, возење велосипед и брзо одење помагаат за севкупната кондиција и обликување.
Комбинацијата од овие намирници и вежби ќе ви помогне да го постигнете посакуваниот изглед и тонус на задникот додека се чувствувате енергично и здраво.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден