во

Како до повеќекратни оргазми: Совети за женско задоволство

Интимните односи можат да бидат предизвик, но доколку сте подготвени да експериментирате и да истражите нови методи, повеќекратните оргазми се нешто што можете да го постигнете. Еве неколку совети од британската секс експертка Трејси Кокс, како да го унапредите вашето сексуално искуство.

1. Правилно дишење

Дишењето игра важна улога во оргазмот. Експертите препорачуваат длабоко дишење за време на возбудата, а пред самиот оргазам можете да го забрзате. Тоа може да ви помогне да го продлабочите искуството и да отворите пат за повеќе оргазми.

2. Запознајте ја вашата анатомија

Разбирањето на вашата анатомија е клучно. Пудендалниот нерв, кој води до клиторисот, има повеќе нервни завршетоци, што објаснува зошто повеќето жени доживуваат клиторични оргазми. Карличниот нерв пак, е поврзан со вагиналната и матката, што овозможува различни типови на оргазми. Комбинирањето на различни типови стимулација може да води до посилни и повеќекратни оргазми.

3. Зајакнете ги карличните мускули

За посилни оргазми, важно е да ги зајакнете мускулите на карлицата. Кегеловите вежби, кои вклучуваат стегање и опуштање на мускулите, можат да ви помогнат да го зголемите задоволството. Изведувајте 20 повторувања трипати дневно за најдобри резултати.

4. Техниката на „пикинг“

Оваа техника вклучува приближување до оргазам, па пауза, а потоа продолжување одново. Ова помага да се одржи возбудата на високо ниво и да се зголеми шансата за повеќекратни оргазми.

5. Бидете трпеливи

Предиграта е важен дел од процесот. Поголема е веројатноста да доживеете силен оргазам ако ја вклучите предиграта како дел од интимниот однос, наместо брзо постигнување задоволство преку мастурбација или вибратори.

6. Промена на стимулација

По првиот оргазам, телото може да стане помалку осетливо на истата стимулација. Затоа, пробајте различни видови стимулација за секој следен оргазам, како орален секс или мастурбација.

7. Развивање на навики

Колку повеќе вашето тело и мозок патуваат по патеката до оргазам, толку полесно ќе го постигнувате. Практикувајте техники што ве водат до оргазам и вежбајте редовно за да ги подобрите своите вештини.

Со овие совети и малку трпеливост, патот до повеќекратни оргазми може да стане реалност.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Закерберг ја враќа технологијата за препознавање лица на Facebook и Instagram

Што ќе се случи ако јадете две лажички мед секој ден?