во

Како правилно да ја носите бројаницата и што треба да направите кога ќе се скине: Многумина несвесно прават голем грев

Бројаницата има една единствена цел – молитва, а бројот на јазли ги симболизира годините кои Исус ги поминал на Земјата.

Бројаницата е предмет со длабоко духовно значење во христијанската православна традиција и се користи за помагање при молитва и медитација. Таа е составена од јазли или зрнца, кои се нанижани на конец или канап, и служат за броење на молитвите. Најчесто се користат молитви како: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“, или пократки молитви, како „Господи, помилуј“. Традиционално, бројаницата има 33 јазли, што ги претставува годините на Исус Христос на Земјата.

Препорачливо е бројаницата да се носи на левата рака, поради практични причини – додека се крстиме, полесно е таа да биде во левата рака. Дополнително, бидејќи повеќето луѓе ја користат десната рака повеќе, бројаницата на левата рака има помала шанса да се закачи и скине. Сепак, ако некој е левучар, тогаш е попрактично да ја носи на десната рака.

Освен рачните бројаници, постојат и такви што се носат околу вратот.

Кога не се користи за молитва, бројаницата е најдобро да се чува заедно со молитвеникот, Светото Писмо и иконите.

Многумина се прашуваат дали бројаницата треба да ја купите сами или да ви ја подари некој друг. Иако постои верување дека треба да ви ја подари друг, тоа е само суеверие. Убаво е кога некој ви подарува бројаница, но не е задолжително – можете слободно сами да си ја купите.

Што да направите кога бројаницата ќе се скине?

Доколку бројаницата се скине, треба да се изгори. Фрлањето на осветени предмети се смета за грев, така што бројаниците, како и другите осветени предмети, треба да се спалат.

Во храмовите, црквите и манастирите може да се најдат бројаници кои претставуваат вистински уметнички дела. Покрај плетените бројаници, постојат и метални и нанизани верзии, кои исто така се користат за молитва и духовност.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Титовиот таен бункер: Како изгледа најголемото засолниште во СФРЈ, кое го посетила само една жена

Пад на легендата: Некогашен легендарен фудбалер сега живее на улица, заборавен од сите