во

КАРЛОС АЛКАРАЗ ИСКЛУЧЕН ОД ТУРНИРОТ! Шок во Шангај: Тенискиот свет е во неверување, ова Шпанецот не можеше да го очекува ниту во најлудите соништа!

Шокантни вести ни доаѓаат од Шангај! Шпанецот Карлос Алкараз беше исфрлен од овој турнир откако во четвртфиналето беше поразен од 33. играч на планетата, Чехот Томаш Махач  со 2:0 во сетови (7:6, 7:5).

Махач одигра одличен меч, доминираше против младиот Шпанец и сосема заслужено стигна до сензационален триумф, а Алкараз сигурно не можеше да се надева на овој резултат ниту во своите најлуди соништа. Првиот сет беше решен во тај-брејк кој Чехот го доби со 7:5, а во вториот сет имаше уште поголеми возбудувања.

Махач прв стигна до брејк, Алкараз успеа да се врати, но финишот му припадна на Чехот кој со маестрална игра стигна до 7:5 и пласман во полуфиналето каде ќе го чека Италијанецот Јаник Синер.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„МАЈКАТА ПРИРОДА Е НЕПРЕДВИДЛИВА“ Метеоролозите загрижени, ураганот Милтон не е сам, опасно се „готви“ над Атлантикот

Ева Лонгорија во блескав сребрен фустан на гала вечер во Париз