во ,

Кина објави нови фотографии од Марс: Изгледаат спектакуларно

Кинеската вселенска агенција објави пет нови фотографии од површината на Марс направени од роверот Џуронг. Сликите покажуваат камења и траги од гуми направени од роверот.

Првата слика е направена на 26 јуни и го прикажува теренот на Утопија Планитија, голема рамнина на северот на планетата, додека втората слика, направена на 4 јули, ја покажува површината на Марс.

На третата, четвртата и петтата слика се гледаат карпи, траги од гуми на површината на планетата, но и соларни панели и антена за ровери.

За време на престојот на Марс, Џуронг се упати кон југ и ја искористи својата навигациска камера за да фотографира пејзажи на црвената планета.

Роверот исто така спроведе научно истражување користејќи го својот радар за пребарување на површината, мониторот за време и алатките за откривање на магнетното поле.

Роверот, именуван по кинескиот бог на огнот, кинеската агенција го користи за испитување на почвата и атмосферата на Марс, како и за фотографирање, правење мапи и пребарување вода и докази за минатиот живот.

Роверот е опремен со разновидна опрема и може да комуницира со Земјата.

Кинеската мисија Тијанвен-1, која се состои од орбитер, платформа за слетување и ровер, беше лансирана минатиот јули.

Сондата што го носеше роверот слета во огромна рамнина во северната хемисфера на Марс, на 15 мај.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Весел доктор со Ајронмен маска му дава нови протетички нозе на мал пациент

Ги сака сите пијалоци – Бонучи шоу на прес конференцијата: Тргна со Хајнекен, продолжи со Кока Кола