Ако кафето ви е првото нешто по будењето, можеби треба да ја промените таа навика. Според најновите истражувања, кафето е најефикасно кога ќе го испиете 90 минути по будењето, оптимално помеѓу 9:30 и 11:30 часот наутро. Стивен Милер, невролог од Универзитетот за здравствени науки во Мериленд, објаснува дека нашето тело природно лачи кортизол – хормон кој ја зголемува будноста – во периодот од 8 до 9 часот наутро.
Ако внесете кофеин во телото додека нивото на кортизол е високо, можеби нема да добиете целосен ефект од кафето, па со тек на време може да развиете отпорност на кофеин и да ви биде потребно поголемо количество за ист ефект.
Попладневното кафе?
За да избегнете преклопување со кортизолот, кој се зголемува околу пладне и подоцна попладне (17:30 до 18:30), препорачливо е да го пиете попладневното кафе меѓу 14 и 15 часот. На овој начин, кафето ќе ви обезбеди посилен ефект кога ви е најпотребно, без да го наруши природниот циклус на енергија во телото.
Со овие мали промени, можете да го извлечете максимумот од утринското и попладневното кафе!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден