во ,

Кога претседателот на Црна Гора ќе направи селфи на погребот на папата Фрањо

Да бидеме искрени, копчето за фотографирање го притисна Мараш Дуќај, но Јаков Милатовиќ сепак позираше.

Стотици илјади верници и 170 делегации со лидери од целиот свет присуствуваа на погребот на папата Фрањо.

Купи Маица

На испраќањето на поглаварот на Католичката црква во Ватикан се собраа најважните светски лидери, но не сите се покажаа умешни во почитувањето на протоколите на ваков настан.

Јаков Милатовиќ на погребот на папата

Корисниците на социјалните мрежи го критикуваат претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој заедно со сопругата Милена направил селфи фотографија. Иако фотографијата ја сними министерот Мараш Дуќај, Милатовиќ активно позираше.

Јаков Милатовиќ, неговата сопруга Милена, министерот Мараш Дуќај и потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, се најдоа на удар на јавноста поради оваа фотографија направена на погребот на папата Фрањо.

Критиките за селфи фотографијата

Објавата која ги критикува нивните постапки веќе има над 130.000 прегледи и стотици коментари.

Сепак, црногорската делегација не е единствена за која се зборува по погребот на папата. Критики добија и Доналд Трамп за изборот на боја на оделото, како и Володимир Зеленски за кршење на протоколот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Албанец сакал да си игра со лав, па за малку ќе настрадал: Сопственикот го спасил со силен шамар! (Видео)

Што се случило во Одеса? Руски тврдења за ново „монструозно оружје“ и немоќна украинска ПВО