Со овој десерт нема грешка затоа што едноставно е совршен, а исто така лесно се подготвува.
Состојки:
– 160 грама темно чоколадо;
– 2 јајца + 2 жолчки;
– 60 милилитри слатка павлака;
– 110 грама путер;
– 70 грама шеќер;
– 1/2 лажица екстракт од ванила;
– 35 грама брашно.
Подготовка:
– Стопете 60 грама чоколадо во 60 милилитри слатка павлака на пареа.
– Добро промешајте за смесата да се соедини, па ставете ја во фрижидер да отстои околу два часа.
– Направете шест топчиња од подготвената смеса и повторно ставете ги во фрижидер.
– Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а 6 калапи за суфле или пак лава колач премачкајте ги со путер или масло за јадење.
– На пареа стопете ги останатите 100 грама чоколадо со путер, па оставете смесата малку да се излади.
– Изматете ги јајцата, жолчките, шеќерот и ванилата.
– Измешајте го стопеното чоколадо и брашното, па помешајте.
– Ставете го тестото во калапи, но во секое од нив внатре ставете по едно од претходно подготвените чоколадни топчиња.
– Печете во рерна околу 15 минути, сè додека надворешниот слој не биде тврд на допир.
– Оставете да отстојат околу 5 минути во рерна, па потоа извадете ги.
– Со остар нож извадете ги колачите, па послужете.
Пријатно јадење!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден