во ,

Лансирани SPHEREx и PUNCH – новата надеж на NASA за откривање вода и соларни мистерии

Американската вселенска агенција NASA денес од Калифорнија успешно ги лансираше во орбитата своите најнови научни мисии, телескопот SPHEREx и групата телескопи PUNCH, кои имаат задача да го истражат потеклото на вселената, да трагаат по вода во Млечниот пат и да ги проучуваат соларните ветрови.

Телескопите се лансирани со помош на ракетата Falcon 9 на компанијата SpaceX, потврдија од NASA.

Реклама

„Сите мисии на NASA се меѓусебно поврзани, а испраќањето на SPHEREx и PUNCH со една ракета ги удвојува можностите за неверојатни научни откритија. Им честитам на двата тима кои ќе го истражуваат космосот, од најблиската ѕвезда до далечните галаксии. Возбудена сум и едвај ги чекам првите резултати“, изјави Ники Фокс, соработник-администратор во NASA, одговорна за научните мисии во Вашингтон.

SPHEREx (Spectro-Photometer for the History of the Universe, Epoch of Reionization and Ices Explorer) има задача да го истражува настанокот на вселената и да трага по резерви на вода, додека PUNCH ќе собира податоци за надворешната атмосфера на Сонцето и соларниот ветер.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реткост на аукција: Првото издание на дневникот на Ана Франк продадено за висока цена!

Ле Пен остро против Макрон: Испраќањето војска во Украина е „лудило“