во

Лимон – овошје полно со здравје: Ви пренесуваме 8 добри причини зошто секогаш треба да ја имате оваа здрава храна во вашиот дом

Лимонадата е одличен пијалок кога треба да се борите против настинките и грипот.

Речиси нема ништо што лимонот, односно неговиот сок, не може да го поправи, подобри и излечи. Постојат дури и научни докази дека ова овошје богато со витамин Ц го намалува ризикот од рак и срцев удар. Ви пренесуваме листа на причини зошто е многу важно да го консумирате што почесто.

Ја елиминира утринската мачнина

Многу трудници чувствуваат олеснување кога пијат лимонада, кога смукаат парче лимон или кога цедат малку сок од лимон во чајот. Остриот вкус и арома ја намалуваат мачнината и го смируваат желудникот.

Тоа му помага на срцето

Ниските нивоа на антиоксиданси, особено витамин Ц, се поврзани со зголемен ризик од мозочен и срцев удар. Сокот од лимон помага во разградување на холестеролот кој ги затнува ѕидовите на крвните садови.

Бубрезите

Киселината од лимонот помага да се спречи формирањето на камења во бубрезите. Секое утро пијте чаша млака вода во која сте исцедиле еден лимон.

Лек за сува уста

Поради одредени лекови се случува да имаме недостаток на плунка во устата, што може да биде многу непријатно. Овој проблем е поврзан и со процесот на стареење. За да ги стимулирате плунковните жлезди, додадете малку сок од лимон во водата и завртете ја во устата.

Борбата против вирусите

Никогаш не ја потценувајте моќта на лимонадата во ситуации на настинка и грип. Овој напиток ќе ја смири иритацијата и ќе го намали хистаминот – хемикалија која предизвикува воспаление, затнат нос и насолзени очи.

Шеќерот во крвта

Раздразливост, слаба концентрација, замор и главоболки се симптоми на флуктуирачки нивоа на шеќер во крвта, што нè тера да копнееме за слатка храна. Ако јадењето го посипете со сок од лимон, ќе го намалите шеќерот во крвта за 30 проценти . Кога јадете риба, секогаш посипете ја со сок од лимон.

За виткост

Лимонот е одличен за детоксикација на организмот, помага при исфрлање на вишокот течности и го намалува целулитот. Како нискокалорична храна која ја забавува акумулацијата на маснотии, може да помогне во одржувањето на идеална телесна тежина.

Помага против мозолчиња

Мозолчињата премачкајте ги со сок од лимон. Киселината ќе допре до најдлабоките слоеви на мртвите клетки на кожата и ќе ги направи порите целосно чисти. Покрај тоа, сокот од лимон ги избелува дамките и старечките пори.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Секоја жена мора да слушне зошто Памела Андерсон не се шминкала 5 години: Причината е многу тажна, а потоа доживеала неверојатен пресврт

Кармички хороскоп за октомври 2024 година: Еден знак предвидува љубовен хаос, а тие ќе страдаат поради лошите постапки