во , ,

Луксузниот дом на фудбалерот Един Џеко во Сараево го одзема здивот: „Вила Е“ се издигнува на 4 катови и е градена 3 години

Во сараевската населба Вишњик е завршена изградбата на луксузната вила чиј сопственик е најдобриот фудбалер од БиХ – Един Џеко.

Станува збор за објект кој што поседува четири катови и кој ќе биде дом за семејството Џеко. Освен достигнувањата на спортскиот терен, јавноста ја привлекуваат и деталите кои што се поврзани со приватниот живот на легендарниот фудбалер.

Преубавата градба ја проектирало архитектонското студио „Doxat“, а истата била градена цели три години.

„По речиси три години, еден тон состаноци и разговори за деталите, „Вила Е“ е завршена. Во нашето студио тежнееме кон едноставноста и функционалноста на архитектурата и тоа е сè што оваа вила претставува. Модерна луксузна вила со едноставни и чисти линии“, напишале архитектите.

Објектот е опремен со сите технолошки достигнувања на современите гледишта. Поседува сауна, фитнес сала и генерално е модерно дизајнирана.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овде поп Стефан, има едно мртво магаре на патот, па ви се јавувам да го отстраните за да не се преврти некој со колата…

15 Пред VS. После фотографии покажуваат како се менувале женските филмски ликови со текот на времето