„Бракот не е на мојата листа на нешта што морам да ги направам“ – вели актерката за која времето како да застанало и на 52 години изгледа исто како и пред 30 години, а денес е мајка на 5-годишно дете, заради што се труди да остане здрава.
Во интервју за Women’s Health, актерката која е позната по улогите во Charlie’s Angels и Kill Bill открива дека за неа е најважна конекцијата помеѓу умот и телото и дека останува фокусирана со помош на медитација, вежби и хоби, а неодамна откри дека најздравото нешто што може да го направи е да каже јавно што ѝ е на ум.
Како што вели, сега многу повеќе обрнува внимание на своето тело и се приклонува кон верувањето дека умот и телото се поврзани, затоа што на 52-години сака да биде што е можно поздрава за нејзиниот 5-годишен син Роквел.
Тоа според неа значи консумирање на добра храна за да остане „подмачкана“. Околу една година актерката беше веган, а во декември минатата година стана вегетеријанка.
„Правам многу работи за син ми што имаат сирење и јајца во нив, па јадам заедно со него затоа што тој сака да ја делиме храната“ – вели таа и додава дека нејзиниот акупунктурист предложил да ги врати јајцата во исхраната.
Таа открила дека растителната храна ѝ дава повеќе енергија и ѝ предизвикува помала подуеност. Деновиве готви многу повеќе: обожава каша од киноа, супа, како онаа што ја прави со јојоба, корен од лотус и печурката Hericium erinaceus, на англиски позната како Lion’s Mane.
Генерално, може да се забележи дека Луси останува достојна на Азиските корени, па како во исхраната, така и во животот ги практикува и источната филозофија и источната медицина.
Таа верува во моќта на акупунктурата, а редовно посетува лекар за тестирање на активноста на мускулите, алтернативна пракса што вклучува тестирање на силата на мускулите за да се откријат недостатоците на телото. Секојдневно вежба трансцедентална медитација, па на тој начин ги одржува силни и умот и волјата.
Како и за сите нас, и Луси во интервјуто открива дека во последната година животот драстично ѝ се променил.
Ако во минатото постојано била на снимање, сега цела година е затворена во станот во Њујорк, а тоа ѝ овозможило да помине многу повеќе време со синот Роквел. Заедно јадат, читаат, цртаат па дури почнале заедно да земаат и музички часови за свирење укулеле.
„Тоа што тој знае дека ова е дома, и дека јас сум дома, навистина е убаво чувство“ – вели таа.
Животот според неа не се состои од пополнување празни квадратчиња, туку да се слушне тоа што е вистинско за неа во дадениот миг.
„Го правам тоа што го сакам и во согласност со тоа како се чувствувам. Не мора да ја прифатам социјалната норма што вели: сега ќе се омажиш. Не затоа што се бунтувам против тоа. Кога е вистинско, ќе биде вистинско. Но, нема да го направам само за да го направам. Бракот не е на мојата листа на нешта што морам да ги направам. Немам таква листа, вели таа.
Инаку Луси позираше и на насловната страница на магазинот, а целта на оваа фотографија била да покаже дека не мора да имаш 20 години за да изгледаш добро во бикини, а нејзината тајна за добар изглед се состои од самодовербата.
„Со сите недостатоци и целиот живот што телото ќе го помине, сепак тоа е нешто што треба да го носиш со самодоверба“ – вели Луси.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден