во ,

Маж и жена пазаруваат цело утро. Излегуваат од трговскиот центар и што ќе видат, автомобилот им го нема…

Маж и жена пазаруваат цело утро. Излегуваат од трговскиот центар и што ќе видат, автомобилот им го нема на паркингот.

Одат во полиција, 3 часа даваат изјава, детективите одат на терен да бараат докази и кога таму, за големо изненадување, автомобилот си стои на паркингот со еден плик со белешка во него и два билети за џез концерт:

„Илјадници извинувања добри луѓе! На жена ми ѝ пукна водењакот и морав итно да ја однесам да се породи во болница. Вашиот автомобил ми заврши голема работа, затоа ви оставам два билети за концертот вечер. Се надевам ќе ми простите.“

На мажот и жената им се враќа вербата во човештвото. Си одат дома и бидејќи немале планови за вечерта, решиле да отидат на концертот.

Кога завршил концертот се вратиле дома и што ќе видат. Куќата ограбена, а и автомобилот исто така им го нема. На масата стои една белешка:

„Морав да му обезбедам добри услови за живот на детето. Имам два билети за балет, ама сигурно сега не ви е до балет, нели!?“

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10+ Луѓе кои не биле толку среќни денес

Внучко, што скаш дедо да ти купи за роденден?