Оваа објава на сопственикот на „Тесла“ доби над 13.000 лајкови.
Се сеќавате на твитот што предизвика вистинска бура во регионот? Секако, авторот е секогаш малку контроверзниот Илон Маск. Тој еднаш, коментирајќи ја продажбата на автомобилите на Тесла во Хрватска, напиша дека Никола Тесла е роден токму таму, од српски родители.
Тоа предизвика вистинска лавина од коментари, но и одушевување кај Србите на тогашниот „Твитер“. Оваа објава на сопственикот на Тесла доби над 13.000 лајкови.
Додека Хрватите беа разочарани од овој твит, некои Срби пишуваа дека Тесла е роден во Австро-Унгарија.
Никола Тесла е роден на 10 јули 1856 година во Смиљан, како дете на локалниот свештеник на Српската православна црква, Милутин Тесла, и неговата сопруга Ѓука, на подрачјето на воената граница на тогашна Австрија, денешна Република Хрватска.
Се школувал во Госпиќ, Карловац, Грац и Прага. Во периодот од 1881 до 1882 година работи во Будимпешта во Централниот телеграфски уред и токму тука го започнува својот голем пронаоѓачки период – го усовршува апаратот за засилување на гласот кај телефоните.
Средината на 1882 година заминува во Париз, а во Соединетите Американски Држави пристигнува во 1884 година, каде што почнува да работи во компанијата на Едисон.
Во 1891 година добил американско државјанство, а една година подоцна прв и единствен пат бил во посета на Белград, стои на веб-страницата на музејот Никола Тесла, кој дава детален опис на неговиот живот и откритија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден