во

Милионер и купил остров за да може да носи бикини на мира: Раскошниот живот на една домаќинка од Дубаи

26-годишната Сауди Ал Надак од Дубаи тврди дека нејзиниот сопруг милионер и купил приватен остров само за да се чувствува безбедно на плажа. На својот Инстаграм профил, таа сподели видео со натпис: „Кога сакаш да носиш бикини, па маж ти купува остров.“

Британката Сауди е во брак со бизнисменот Џамал Ал Надак, а себеси се опишува како „полновремена домаќинка“. Парот се запознал на студии во Дубаи и се во брак веќе три години. Но, освен што ужива во семејниот живот, Сауди е и влијателна на социјалните мрежи, каде што редовно споделува моменти од својот луксузен животен стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Business Bulls (@businessbulls.in)

Луксузни инвестиции и милионски трошоци

Во едно од нејзините видеа, Сауди и Џамал купуваат дијамантски прстен вреден еден милион долари, додека истиот ден вложуваат два милиони во уметнички дела. Нејзините објави редовно привлекуваат големо внимание, а нејзиниот последен пост за островот стана вирален, собирајќи над 2,4 милиони прегледи за помалку од недела дена.

Сауди открива дека купувањето на островот било дел од инвестиционата стратегија на нејзиниот сопруг, но и начин да и овозможи безбедност и приватност. „Локацијата на островот не ја откриваме заради приватност и безбедност, но знам дека чини 50 милиони долари и се наоѓа во Азија“, изјави таа.

Реакции и критики на социјалните мрежи

И покрај нејзината популарност, Сауди често се соочува со негативни коментари на мрежите. Некои ја обвинуваат дека се фали премногу, додека други дури и ја доведуваат во прашање вистинитоста на нејзините тврдења. „Не разбирам зошто ме мразат толку многу, кога само го споделувам мојот начин на живот“, вели таа.

Со оглед на нејзината активност и популарност на социјалните мрежи, Сауди останува една од највпечатливите личности од Дубаи, чии објави продолжуваат да го привлекуваат вниманието на милиони корисници ширум светот.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Млади пар пронашол тајна стара 100 години под кујнскиот под

Само генијалци ќе ја откријат грешката на оваа слика за 23 секунди!