во , , ,

Многумина мислат дека е дело на Фотошоп: „Закривениот“ стаклен мост на 140 метри висина е чудо на архитектурата

Иако за многумина „никнал“ преку ноќ, мостот всушност се градел од 2017 година. Долг е 100 метри, а се издигнува на максимална висина од 140 метри.

Мостот Руји во долината Шенџијанџу во кинеската провинција Жеџијанг стана вистински хит на социјалните мрежи.

Купи Маица

Поради единствениот дизајн многумина помислуваат дека не е реален туку „плод“ на нечиј труд на Фотошоп.

Но, овој стаклен мост кој што е составен од три дела навистина е реален.

Откако е отворен во септември 2020 година за јавноста го посетиле околу 200.000 Кинези.

Највисокиот дел од мостот е всушност високиот лак до чиј врв водат скали.

Името, но и обликот го добил по истоимениот церемонијален жезол кој што во кинеската култура е знак за моќ и среќа.

Необичната метална структура на мостот ја проектирал Хе Јунчанг кој што го потпишува дизајнот на Националниот стадион во Пекинг, а кој уште се нарекува и „Птичјо гнездо“.

Како изгледа кога ќе прошетате по мостот Руји погледнете во видеото:

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

95 килограми помалку: Сите го знаевме како „буцко“, но актерот денес е вистински заводник од кој дамите се воодушевени

Саудиска Арабија добива нов уникатен хотел