во

Моќни чаеви за силен имунитет: Ѓумбир и цимет – природни борци против настинки

Со доаѓањето на студените денови, топлите чаеви се одличен избор за зајакнување на имунитетот и спречување на настинки. Еве неколку корисни чаеви кои лесно може да се приготват и да станат дел од вашата секојдневна рутина во борбата против зимските вируси.

Чај од камилица – смирувачки и поддршка за имунитетот

Камилицата е позната по своите смирувачки својства и нежна арома, а помага и во поддршка на имунолошкиот систем. Една до две лажички суви цветови камилица прелијте ги со врела вода, оставете една минута, па процедете. Чајот од камилица го поттикнува производството на леукоцити, кои се природна одбрана на телото од болести.

Шипка – природен извор на витамин Ц

Чајот од шипка е богат со витамини Б и Ц, што го прави идеален за зајакнување на имунитетот во текот на есента. Плодовите на шипка прво се сушат на температура до 50°C, а потоа се вари 10 минути. За уште повеќе витамин Ц, оставете го чајот да отстои 30-60 минути пред процедување, и по желба засладете со мед.

Ѓумбир – поттикнувач на природна заштита

Ѓумбирот има силни противвоспалителни својства и стимулира производство на интерферони, протеини кои ја зајакнуваат природната заштита на телото. Една мала лажичка свежо рендан ѓумбир прелијте со 2 дл врела вода и оставете да отстои 5 минути. Додавањето лимон и мед ќе го направи вкусот уште поароматичен и посилен за имунитетот.

Куркума – антибактериски и антиинфламаторен ефект

Куркумата, која се користи во традиционалната кинеска медицина илјадници години, е еден од најлековитите зачини. Главната активна состојка – куркуминот – има силен антибактериски и антиинфламаторен ефект. За чај, користете 1/2 лажичка рендан корен или прав од куркума, и консумирајте до три пати на ден за подобрување на имунолошкиот систем.

Цимет – древен зачин со моќен ефект

Циметот е богат со витамини и минерали како манган, железо и цинк, и делува противвоспалително. За да подготвите чај, додадете 1/2 лажичка мелен цимет во 250 мл врела вода, оставете да отстои 10 минути и процедете. Циметот помага во намалување на температура и е природна поддршка во борбата против настинките.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од Скопје до 44 светски дестинации – нови линии и повеќе патници на македонските аеродроми

Драма на патеката во Мексико: Џорџ Расел се удри во оградата, тренингот прекинат