11 ОКТОМВРИ 1941 започна АНТИФАШИСТИЧКОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, кое постепено прераснало во Националноослободителна војна и довело до формирање на првата македонска национална држава.
Имено, со решение на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, според однапред подготвениот план, поделен во три групи, на овој ден извршил напад на бугарскиот полициски участок и затворот и ги прекинал телефонските и телеграфските линии во Прилеп. Со тоа бил означен организираниот почеток на оруженото востание во Вардарскиот дел на Македонија против фашистичките окупатори, а за национална и социјална слобода и за создавање сопствена македонска национална држава.
Востанието на македонскиот народ и четиригодишната Националноослободителна војна која се развила од него, биле изведени, организирани и водени од националноослободителното и комунистичко движење на македонскиот народ. Македонските комунисти недвојбено стоеле на ставот дека националната слобода на Македонците нема никој да им ја дарува, туку дека таа треба да се извојува. Тие сосема јасно декларирале дека „Земјата што дала еден Илинден, таја ке дај и друг“, па на востанието и на Антифашистичката војна предводена од нив им давале сосема јасна, не само класно-пролетерска содржина, туку и македонска национална содржина.
Оттаму, антифашистичкото востание претставува најважниот меѓник во македонската борба за национална слобода и самобитност, во борбата за афирмација на одделниот македонски национален идентитет.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден