во

На денешен ден – 13 Октомври

1863. – година основана е и осветена е црквата Св. Недела за време на преосвештенство г-н Бенедикт Византиски, црквата е на влезот од  Битола од страната на Прилеп . Во дворот на црквата Св. Недела се наоѓаат илинденските гробишта, каде се погребани и војводите Доне Крчаров (од с.Зовиќ) Димко Николов и Александар Турунџев. На гробиштата се погребани многу македонски значајни личности и револуционери како Павел Шатев,Димче Могилче,Кирил Лозанчев,Михаил Димев и др.

1993. – Во Крањ, Република Словенија, фудбалската репрезентација на Македонија го одиграла првиот официјален пријателски натпревар, откако нашата држава стана самостојна, суверена и независна. Домаќин била фудбалската репрезентација на Република Словенија. Репрезентацијата на Република Македонија победила со 4:1.

Историскиот прв гол за Македонија го постигна Зоран Бошковски – Чоко во 3-та минута од натпреварот.

2003. – Во Скопје починал Ѓорѓи Колозов,еден од најпознатите актери во Македонија. Дипломирал на тогашната Академија за драмска уметност, на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година. По дипломирањето, тој е во постојан работен однос во Македонскиот народен театар. Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирките народни приказни издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко ЦепенковКузман ШапкаревЃорѓија Пулевски и други. Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијаталингвистикатанационалната историја и за правото и моралот на Македонците. При Драмата на Македонскиот народен театар остварил позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.  Настапил во повеќе играни филмови, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други.

1952. – Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат “Граматика на македонскиот литературен јазик” од Блаже Конески.

 


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мислите дека Ѓоковиќ е за пензија? Погледнете го овој поен и размислете повторно!

Пронајдена тајна гробница под локацијата за снимање на „Индијана Џонс“ во Петра