во

На денешен ден – 7 Октомври

1910  – Во Дојран е роден Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар. Негови најпознати дела се „Изгрев“, „Епопејата на Ножот“, „Последната средба“, „Арамиско гнездо“, „Пустина“ и други. Умрел во Куманово, на 2 август 1963 година.

1913 – Во Прилеп е роден Илија Николовски – Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учел во Белград и во Софија, а дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Умрел во Скопје, на 22 октомври 1973 година.

1944 – Кај селото Смојмирово, Беровско, во борба против германските фашисти загинал Ацо Караманов, македонски поет и борец во НОВ на Македонија. Роден бил во Радовиш, на 31 јануари 1927 година.

1985 – Во Скопје умрел проф. д-р Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Роден бил во Дојран, на 21 септември 1927 година.

 


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МОЛИТВА ШТО ЛЕЧИ – Како зборовите може да ви помогнат да се ослободите од очајот

Следното затемнување на Сонцето: Кога и каде да го видите небесниот настан