Нова година е совршено време за нови почетоци, а многумина веруваат дека одредени ритуали на 31 декември можат да донесат среќа, љубов и исполнување на најголемите желби. Еве три интересни традиции кои можеш да ги испробаш оваа година.
1. Напиши 12 желби и остави ги под перница
Една од најпопуларните новогодишни традиции вели дека треба да напишеш 12 желби на 12 ливчиња хартија и да ги ставиш под перницата пред спиење на 31 декември. Следното утро, извади три од нив – желбите што ќе ги прочиташ се оние кои ќе ти се исполнат во новата година.
Совет: Пиши ги желбите со искрено срце и верувај во нивната реализација.
2. Откриј го твојот судбински партнер
Ако сакаш да дознаеш кој ти е суден, земи 4 карти со крал (срце, лист, детелина и баклава) и стави ги под перницата. Наутро извлечи една карта:
- Крал срце: Ќе запознаеш помлад партнер.
- Крал лист: Ќе биде постар од тебе.
- Крал детелина: Ќе биде разведен или има семејна историја.
- Крал баклава: Ќе биде некој од кругот на пријателите или семејството.
Овој ритуал е забавен начин да дознаеш што може да те очекува во љубовниот живот.
3. Врева за прогон на злите духови
Палењето петарди и огномети, како и гласната музика, не се само дел од забавата. Според традицијата, оваа бучава ги брка злите духови и носи среќа во домот. Затоа, пушти ја омилената музика, слави со семејството и создади весела атмосфера за да ја дочекате годината со позитивна енергија.
Додади магија во својата Нова година
Независно дали веруваш во овие обичаи или ги гледаш како забава, најважно е да ја започнеш новата година со надеж, љубов и добра енергија. Важно е да веруваш во себе и во своите цели – тогаш, магијата на новогодишната ноќ ќе биде твојата инспирација за успех!
-
La Linea v1
699 ден -
Петок
699 ден -
La Linea v3
699 ден -
Џаст До Ит!
699 ден -
Мисли различно
699 ден -
-
Јас сум толку стар
699 ден -
Хемија
699 ден