во

Наум Петрески искрено за здравствената битка: „Дијабетесот ми го смени животот“

Македонскиот фолк-пејач Наум Петрески е видно ослабен, но не поради специјален режим на исхрана, туку како резултат на терапијата што ја прима за дијабетес тип 2. Петрески открива дека токму на својот 50-ти роденден дознал за болеста, што целосно му го променило животниот стил.

Петрески раскажува дека дијабетесот е присутен во неговото семејство кај и од мајчината и од татковата страна, па и самиот бил свесен дека постои ризик, но не очекувал дијагнозата да дојде толку рано. Првите симптоми ги почувствувал кога му се замаглил видот, токму во период кога се подготвувал за својот јубилеј и бил под голем стрес.

„Кога ми измерија шеќер 29,6, беше алармантно. Веднаш ми препишаа терапија, која за кратко време го нормализираше шеќерот,“ раскажува Петрески, додавајќи дека терапијата ја прима веќе осма година и дека новите навики и лековите значително му помогнале да го контролира дијабетесот.

Иако здравствените предизвици се големи, Петрески вели дека со дисциплина и поддршка од најблиските, успева да го одржи здравјето и да продолжи со настапите.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Засадете рододендрон оваа есен и уживајте во неговата убавина цела година

Вирално видео од свадба: Кумот направи шокантен гест и ги остави младите без зборови