Научниците од Универзитетот во Женева конечно веруваат дека нашле одговор на едно од најстарите филозофски прашања: што е постаро, кокошката или јајцето? Според нивното истражување, кое се базира на анализа на древен едноклеточен организам наречен Chromosfera perkinsii, одговорот е – јајцето.
Истражувачкиот тим го проучувал овој микроорганизам, откриен во морските седименти на Хаваите во 2017 година, за кој се смета дека постои на Земјата веќе милијарди години, долго пред да се појават животните. Во одреден момент од својот животен циклус, клетката на овој организам се дели и формира колонии кои силно потсетуваат на ембрионскиот развој на повеќеклеточните организми.
„Chromosfera perkinsii е едноклеточен организам, но неговото однесување укажува на тоа дека основите за клеточна координација и диференцијација постоеле многу пред првите животни,“ изјави професорката Омаја Дудин, која го предводеше истражувањето. Овој процес на создавање колонии укажува на тоа дека појавата на структура слична на ембрион може да се смета за „јајце“ пред појавата на самата кокошка.
Истражувачите се надеваат дека нивното откритие ќе донесе нови сознанија во анализата на древните фосили и ќе ги промени сфаќањата за развојот на повеќеклеточниот живот на Земјата.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден