во ,

„НАШИТЕ ДЕЦА ГИ НЕМА, ЈА НЕМА НИ ПРАВДАТА!“ – Потресен статус на МАЈКА на загинато дете од КОЧАНИ!

Јулија Златкова, мајка на Томас Златков кој го загуби животот во трагичниот пожар во „Пулс“, објави статус полн со тага и револт. Нејзините зборови се болно сеќавање на загубата пред големиот празник Велигден.

Купи Маица

Велигден без децата

„Велигден е тука, но нашите деца ги нема… Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме…“, пишува таа. Посочува на неостварените соништа на младите. Некои требало допрва да се заљубат, да матурираат, да дипломираат.

„Не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите?“, прашува мајката. „Какво е чувството да знаеш дека детето никогаш нема да се врати дома…?“ Таа опишува дека родителите сега живеат за да одат на гробишта.

Наскоро ќе се навршат 40 дена од трагедијата (16 март). „40 црни денови без нашите сонца… чии кревети останаа празни, а нашите срца завиени во црнило…“, пишува Јулија.

Гнев и обвинувања кон системот

Мајката изразува длабоко разочарување од правдата. „Правдата како што се чини нема изгледи дека ќе излезе на виделина…“ Таа упатува директни и тешки обвинувања. „Зарем немате ни малку човечност??? Зарем толку сте ефтини што со пари се купувате??? Ееееј вие убијци на нашите деца!!!“, гневно прашува таа.

Ги обвинува сите од власта до институциите. „Зарем нашите невини деца требаше да ја платат цената на вашата алчност и корумпираност?“, продолжува таа. „Вие сте дно на дното!!! Вие ги убивте нашите деца!!!“

Според неа, многумина се виновни како и сопственикот на „Пулс“. Почнувајќи од премиер, министри, инспектори, до обични полицајци. „Сите сте гледале, ама не сте виделе ништо!!! При очи сте биле слепи!!! Срамота!!!“, пишува мајката. Ги нарекува „бедни, ситни души“ кои немаат душа.

Борба за правда што нема да запре

Јулија Златкова најавува дека борбата на родителите нема да престане. „Ние родителите… ќе продолжиме да излегуваме и понатаму, секоја сабота…“ Таа се надева дека граѓаните ќе останат со нив во потрагата по правда.

„Ќе продолжиме да излегуваме и да ги потсетуваме челниците на оваа скапана држава… до наш последен здив ќе ја бараме правдата“, пишува таа. Потенцира дека децата настрадале поради нечии грешки, корупција и злоупотреба на функција.

„Правдата мора да излезе на виделина! Нашите безгрешни деца мора да бидат осветени! Ние родителите, нема да дозволиме виновниците да останат неказнети!!!!!!!!“, завршува таа со силна порака.

Се надева дека нивниот бунт може да донесе промени. Да обезбеди посигурна иднина за другите деца. Статусот го завршува со порака до загинатите. „Вечна Ви слава АНЃЕЛИ, утре наместо да кршиме јајца дома… ќе ви донесеме јајца на Вашите вечни почивалишта!“

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Животот на ПРИНЦОТ ОД БРУНЕИ и неговата сопруга со хрватско потекло – луксуз или нормалност?

САМО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ОСТАНА ВО ПРИТВОР? Контроверзни барања на Обвинителството во случајот „Пулс“!