Еден Американец дошол до навидум луда идеја да тестира колку долго може да преживее со сурово месо, јајца и млеко.
Овој експеримент редовно го документира на Инстаграм, а за тоа доби многу пофалби од љубопитните фанови.
Тој се снима секој ден како џвака разновидна сирова храна, вклучувајќи стекови, риба, па дури и пилешки гради. Сето тоа го комбинира со живи јајца и млеко.
Зачудувачки е што успеал да издржи речиси 80 дена без видливи проблеми, особено ако се земе предвид колку е опасно да се јаде сирово пилешко.
Неговиот профил на Инстаграм е соодветно наречен „rawmeatexperiment“ и привлече повеќе од 53.000 следбеници, кои едвај чекаат да видат кое следно парче месо ќе го стават во уста.
Звучи неверојатно, но она што започнало како шега сега му станало „здрав“ начин на живот и тој дури почнал да ги фали „доблестите“ на сировата храна пред збунетите обожаватели.
Така, под фотографијата на која ја проголтува парче мелено месо, објаснил дека е „технички поздрава“ отколку да е сварено.
– Говедското месо стана мое омилено јадење поради неговата ниска цена. Лесно можам да изедам половина килограм за околу четири минути – вели тој и додава дека лесно ги вари тие 800 калории.
Освен здравствените „придобивки“, се чини дека постои многу јасен медицински консензус дека не треба редовно да се јаде сурово месо.
Експертите наведуваат дека има голем број проблеми со кои најверојатно ќе се соочат луѓето кои се хранат на овој начин, меѓу кои и труење со храна.
Некои од најчестите патогени кои се наоѓаат во живото месо се салмонела, ешерихија коли и листерија, а најчести симптоми на болеста се гадење, повраќање, дијареа, грчеви во стомакот, треска и главоболка.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден