во , , ,

Најубавата Наташа се враќа во „Жикина Династија“!

Легендарната Гала Виденовиќ, некогаш најубава актерка во Југославија, се враќа на големото платно како Наташа во новото продолжение на култната „Жикина Династија“!

Гала Виденовиќ беше и остана синоним за убавина и талент во златните времиња на југословенската кинематографија. Нејзините улоги во „Жикина Династија“ и „Бал на вода“ ја катапултираа на врвот на славата. По успехот, таа замина за Холивуд, каде што се посвети на семејството.

Сепак, судбината имаше поинаков план. Гала повторно ќе ја видиме како Наташа, љубовта на Миша (Никола Којо) во новото продолжение на „Жикина Династија“.

Веста за нејзиното враќање ги воодушеви фановите ширум регионот. Гала, и денес зрачи со истата убавина и харизма како во младоста.

Интересно е што и Гала и Владимир Петровиќ, кој го игра Боба, изјавија дека Гидра им е омилен лик од серијалот.

Гала Виденовиќ, сега Алексиќ, е доказ дека вистинската убавина не бледее со годините. Нејзиниот изглед и харизма се безвременски, исто како и споменот на нејзината прва појава во „Жикина Династија“ далечната 1984 година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НЕ ИСТЕРУВАЈТЕ МАЧКА ОД ПРАГОТ: Се верува дека ќе ви донесе среќа

Пласидо Доминго во Скопје – Светска оперска сензација!